Мандатарот со предлог за НОВИ МИНИСТРИ

Политика

Мандатарот Ковачевски, утре ќе го запознае партиското раководство со кадровските решенија за идни министри во новата Влада. Според информации на Сител, Ковачевски на состанокот ќе ги презентира заклучоците од средбите со коалиционите партнери како и изборот на министри за владата со која тој ќе раководи. Предложените кандидати, Ковачевски ќе ги промовира првин пред партиските тела, а потоа имињата ќе бидат познати и за јавноста. Од СДСМ претходно информираа дека составот на новата влада, ќе биде испратен до Собранието најверојатно идниот вторник, откако Ковачевски најави дека нема да го користи законскиот рок од 20 дена за состав на својот тим.

Заменик претседателот на партијата, Лукаревска, која е на чело на управата за јавни приходи, вели дека не се гледа како идна министерка. Информациите за составот на новата влада, ќе ги призентирало партиското раководство. Досегашната Министерката за одбрана тврди дека се уште немало утврдено име кое ќе ја превземе нејзината функција. Смета дека поради членството во НАТО, кандидатот за министер за одбрана треба да е исклучително одговорен човек кој ќе може да се справи со предизвиците. Во опозициската ВМРО-ДПМНЕ, не очекуваат ништо ново од владата на Ковачевски. Велат и во иднина граѓаните ќе се соочуваат со исти проблеми. Засега познати се само кадровските решенија во Министерствата за здравство и информатичко општество со кои во иднина според коалицискиот договор ги доби партијата на Гаши. ДУИ не најави смени во министерствата со кои управува.