Можело и бетер да биде, вели ЗАЕВ

Македонија

Во услови на светска енергетска криза, успеавме да спречиме драстично поскапување на електричната енергија од над 25 проценти и да го активираме домашното производство за ублажување на ценовниот шок. Цената на електричната енергија на универзалниот снабдувач – ЕВН Хоум за домаќинствата и малите потрошувачи, ќе биде покачена за 9,48 проценти во однос на претходниот пресметковен период, како што информираше Регулаторната комисија за енергетика, објави премиерот Зоран Заев.

Заев, исто така, посочува дека се задржува ноќната евтина тарифа на струјата, како и таа во недела.

Солидарност на сите чинители на електро-енергетскиот сектор, редуцирање на трошоците и штедење е од голема важност. Рестрикции на електрична енергија нема да има. Сите домашни капацитети за производство на струја се во функција на успешно соочување со енергетската криза. Во моментов има доволно обезбедени количини на јаглен за работа на ТЕЦ Осломеј, како и за РЕК Битола за работа со два блока. ТЕЦ Неготино веќе е вклучен со половина капацитет, од јануари ќе работи со полн капацитет, а од јануари ќе биде вклучен и третиот блок на РЕК Битола, објави Заев на својот Фејсбук профил.Сите количини на електрична енергија потребни за универзалниот снабдувач ќе бидат обезбедени од домашно производство, односно без увоз.На денешната седница Владата на предлог на Министерство за економија обезбеди 60 милиони денари финансиска поддршка со Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година. За првпат се воведува парична помош за најранливите категории на лица со ниски примања, кои не се приматели на гарантирана помош согласно закон, пишува Заев.

Состојбата, посочува Заев, се следи и со сите релевантни чинители се донесуваат решенија во интерес на граѓаните, со цел ублажување на ефектите од светската енергетска криза.