
СТРУЈАТА ќе поскапи НЕ 10% туку 20%, следните месеци може повторно
Цената на струја ќе поскапи, но тоа нема да биде драстично, изјави синоќа претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимовски, гостувајќи во емисијата „Економски магазин“.
Бислимовски информира дека сѐ што е над 20 проценти во делот на електричната енергија е драстично зголемување. Замислете за него оскапување од 20% не било многу?
-Драстично зголемување нема да има затоа што тоа не е решение на проблемот. Со драстично зголемување на цената нема да се подобри ситуацијата, ќе се влоши, бидејќи ќе се намали процентот на наплата и тоа не ни е целта. Целта е да го одржиме, колку што се може во вакви услови на енергетска криза во цела Европа, нашиот систем стабилен, потенцира Бислимовски.
РКЕ денес на главна седница ќе донесе конечна одлука за цената на електрична енергија, што ќе биде во важност од 1 јануари следната година. НО, таа нема да биде конечна. Никој не гарантира повторно зголемување следните месеци.
На вчерашната подготвителна седница беа претставени вонредните механизми што РКЕ првпат ќе ги активира во кризна состојба