Од 2-ри јануари ЗАОСТРЕНИ мерки

Балкан

Министерството за надворешни работи информира дека поради влошената епидемиолошка состојба во Црна Гора, тамошните власти ги заострија мерките за спречување на ширењето на Ковид-19.

Новите мерки ќе важат од 2 до 12 јануари 2022 година, а секој кој влегува во Црна Гора, независно од тоа дали е црногорски или странски државјанин, мора да ги исполнува следниве услови:

„Лицето да е вакцинирано со пропишаниот број вакцини против корона вирусот, а од втората доза на вакцина да не се поминати повеќе од 6 месеци и едновремено со потврдата мора да поседува и негативен ПЦР тест кој не е постар од 72 часа или негативен брз антигенски тест кој не е постар од 48 часа; или Доказ дека лицето преболело Ковид-19 (да не е поминато помалку од 10 дена и не повеќе од 180 дена од позитивниот ПЦР или брзиот антигенски тест) и едновремено со доказот мора да поседува и негативен ПЦР тест кој не е постар од 72 часа или негативен брз антигенски тест кој не е постар од 48 часа“, соопштуваат од МНР.

Како што посочуваат од МНР, лица под 18 години, се изземаат од мерките и за нив не се потребни ниту потврди за вакцинација или за прележана болест (ковид), ниту тестови.

„Државјаните на Црна Гора и странците со регулиран престој можат да влезат во земјата без овие докази, но со определување самоизолација во траење од 10 дена, која е можно да биде прекината најрано 3 дена по добивање негативен ПЦР тест“, потенцираат од МНР.