ТРАГЕДИЈА: СДСМ верни до гроб на бугарскиот конзул, бараат промена на Устав

Политика

Старо новите кадри на Таче, екипата која го презема СДСМ е онаа која е верна до гроб на бугарскиот конзул во обид Орце Камчев, кој е поранешен висок функционер на таа партија.

Новиот член на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров е познат на јавноста како дел од екипата на Орце Камчев, иницијатор од „Докторите бараат слобода за Орце“!

Тој лично и своерачно се потпиша на таа иницијатива со која грубо се мешаа во работата на судските органи и бараа на слобода да се пушти лице осомничено за огромен крминал. Дали новото раководство на СДСМ ќе продолжи во тој стил и грубо ќе се вмеша во судските одлуки во интерес не Орце Камчев и ќе излобира негова слобода?

Андреј Петров не само што е „верен до гроб“ на бугарскиот конзул, туку и се погрижи да му направи задоволство со прифаќање на бугарските уцени кон Македонија. Имено, тој во емисијата „24 анализа“ во врска со спорот со Бугарија рече дека „не можеме да ги бришеме историските факти и да замижуваме пред вистината“.

Од кога тоа Андреј Петров стана историчар? Сите го знаеме за доктор и тоа во Систина? Дали сменал професија во меѓу време или како знак на лојалност кон бугарскиот конзул научил и бугарска историја?

– Една супериорна Германија не бараше да се ревидира историјата. Јас сум против ревидирање на ноторни историски факти, неспорен е македонскиот јазик. Околу другите работи не ми се гледа страшно Бугарите да влезат во уставот на Македонија. Ако тоа некој го наумил, тоа само покажува дека сме различни народи. Треба таа работа да се остави на дипломатите. Не ни треба ЕУ по секоја цена. – рече Петров.

По кажаните зборови, се гледа дека новата екипа на СДСМ ниту знае кај оди, ниту знае кај тера! Трагедија е оваа состојба за Македонија!