АМЕРИКАНСКИТЕ авиони се веќе над Украина, Русија во паника

Свет

Американски извидувачки авиони го извршија првиот лет над територијата на источна Украина, пренесоа американските медиуми повикувајќи ја командата на американските сили во Европа.

Летовите започнале на 27 декември, а ова е прв случај авионот JSTARS да собира податоци во воздушниот простор на Украина, објави новинар на Си-Ен-Ен на својот Твитер профил.

Авионот е наменет за препознавање и класификација на копнени цели во секое време од денот и во какви било временски услови, како и за координирање на борбени операции и билатерална размена на информации со копнените сили во реално време.

Да потсетиме, Киев и НАТО неодамна изразија загриженост поради интензивирањето на агресивните акции на Русија во близина на границите на Украина. Москва се правда дека тоа е во согласност со Уставот и на територијата на Русија и дека западните земји ја користат оваа теза како изговор за натамошно проширување на НАТО.