XAJРЕДИНИ за Axмети: Нeма вакoв боpeц пpoтив коpyпција кaко нeго

Изјави

Ниедна друга политичка партија во Македонија досега не собра храброст да спроведе внатрепартиски ветинг, со исклучок на ДУИ, тврди поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини.

Вчера Али Амети, чие име се спомнува во Аферата ТЕЛЕКОМ, повторно бара “во ветинг да се прејде од зборови на дела”, затоа што “во сите напредни земји, како во САД, така и во Европа, има иљади функционери кои се затворени, додека кај нас политичарите и функционерите се мал број во затвори”.

Во Македонија ова прашање ефикасно е решено, зашто, како што е познато, со закон е забрането да се објават кривичните дела врзани и кои произлегуваат од прислушуваните разговори, напиша Хајредини на неговиот ФБ профил.