БОЛШЕВИЦИТЕ забраниле црвен Дедо Мраз и елки во СССР

Забава

Рускиот болшевик Сталин, лично наредил Дедо Мраз да носи сино одело за да се разликува од американскиот Дедо Мраз кој бил црвен. Како Дедо Мраз го преживеа комунизмот? Синиот Дедо Мраз во СССР сеуште го има во Русија.

За тоа ќе мора прво да се вратиме назад, во времето кога Русите не биле покрстени. Во паганското време Дедо Мраз бил злобен волшебник кој ги замрзнувал луѓето (Дед Мороз) и киднапирал деца, земајќи ги во својата џиновска вреќа. За да ги „откупат“ своите деца, родителите морале да му дадат подароци. Со текот на времето, ова верување се променило. Под влијание на христијанството и Свети Никола, Дедо Мраз станал љубезен и добар и наместо да киднапира, а почнал и да им дава подароци на децата.

Потоа дојде 19 век, векот на големите писатели. Во една бајка на Александар Островски ќе се појави Снежната девојка, која му е внука на Дедо Мраз и му помага во неговите подвизи. Но, тешките времиња за Дедо Мраз во Русија допрва доаѓале…

По 1917 година и Октомвриската револуција, Дедо Мраз бил „протеран“ од Русија. Комунистите го сметале за еден вид на „детски крал“, а знаеме како Ленин се пресметал со кралската фамилија. Подоцна, во 1928 година, Дедо Мраз бил прогласен за „сојузник на свештениците“ и пак се нашол на забот на комунистите кои не признаваат никаква религија.

Да да, дури и елките биле забранети во Советскиот Сојуз до 1935 година бидејќи се сметале за „буржоаски и религиозни верувања“, пишува Русија Денес, а и покрај сето ова Дедо Мраз „преживеа“!

Во 1937 година, Дедо Мраз првпат бил вратен „во употреба“ од режимот. Но, за да не се поистоветува со западниот Дедо Мраз, бојата на неговата облека не смеела да биде црвена, а постои приказна дека Сталин лично наредил Дедо Мраз во Русија да носи само сини капути.

Што се однесува до новогодишните елки, во 1935 година за нив се залагал советски политичар Павел Постишев. Тој јавно побарал елките, не за Божиќ, туку за Нова година, да се постават во училиштата, домовите за деца, клубовите и во кината бидејќи потеклото на обичаите, кои во секој случај се од претхристијанскиот период, се „помалку важни од радоста што (обичајот) може да му ја даде на Советскиот Сојуз“.

И така Дедо Мраз, а и елката во Советскиот Сојуз добија „помилување“. Испаѓа дека тие ги преживеаја режимот и тогашните политичари, па руските деца сè уште се радуваат на подароците што ќе ги најдат под елката.