
КОВАЧЕВСКИ со изјава против Заев, зошто тоа го изјави
Попладнево во Вилата Водно, претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски му го додели мандатот за состав на Владата на новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Во својот говор тој напомена дека ќе ја враќа пополека довербата во институциите што ја изгубиле во време на владеењето на Заев, што може да се протолкува како отровна стрела за неговиот претходни, екс-премиерот Зоран Заев.
-За мене претставува голема чест и одговорност доделениот мандат од претседателот Стево Пендаровски да ја формирам новата Влада. Од денес започнувам со формирање на новиот тим луѓе кои треба да одговорат на сериозни предизвици, кои не чекаат веќе од почетокот на следната година.
Што го натера Ковачевски на ваква изјава? Дали притисокот од опозицијата да се огради од политиките и влијанието на Заев?
Тој напомена дека живееме во турбулентни времиња, времиња на кризи и неизвесности, а истите бараат стабилни, одговорни и храбри луѓе. Дали тоа значи дека Заев не беше доволно храбар за овие времиња, па дојде похрабар човек како него?
-Новата влада ќе има јасна цел, обезбедување сигурност, подобар живот и светла иднина за нашите граѓани. За тоа е потребно ефикасно, чесно и одговорно владеење што ќе биде одлука на тимот кој јас како мандатар ќе го составам, порача Ковачевски.
Со тоа тој признава дека владата на Заев немала јасна цел, не обезбедила сигурност и подобар живот и светла иднина за граѓаните и најважно не била ефикасна, чесна и одговорна иако и тој беше во истата таа влада.