СЕ УКИНУВА ефтината тарифа и струјата поскапува до 10,3 отсто

Македонија

Укинување на ефтината тарифа на струја и зголемување на цената меѓу 9,8 и 10,3 отсто. Неофицијално ова е предлогот на регулаторите кој тие го ставија на маса пред претставниците на трите енергетски компании на денешната подготвителна седница.

На седницата имало жестока дебата во коај регулаторите ја бранеле својата пресметка а претставниците на МЕПСО и Електродистрибуција пак соопштиле дека со ова покачување компаниите нема да имаат за исплата на плати и брзо ќе ја загубат ликвидноста.