CPБИJA вo хиcтepиja пpoтив Maкедониja, „cpпски cвет“ пpoтив MПЦ OА

РЕЛИГИЈА

Српските црковни кругови се мобилизираат во нападите кон Вселенската патријаршија во обид да се спречи признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА, особено по посетата на Бигорската Обидел на на Вселенската патријаршија и средбата со патријархот Вартоломеј.

Во еден таков обид се вклучи и историчарот Александар Раковиќ, познат како креатор на идеологијата и политиката на „српскиот свет“, која треба да оввозможи културно и духовно обединување на српските национални интереси на Балканот.

Во неговото гостување на една српска телевизија жестоко ја напаѓа МПЦ-ОА и Вселенската патријашија, оценувајќи ја црквата во Македонија како крајно расколничка.

-Малку кој очекуваше таков нешто да се случи. Ова е остра порака кон СПЦ. МПЦ е расколничка црква која е под СПЦ и Цариграскиот Патријарх не би смеел да прима таква расколничка ерархија. Го направи тоа на своја рака и прати порака, вели Раковиќ во интервјуто.

Тој отворено се заканува дека Српската црква ќе ги прекине контактите со Вселенската патријаршија, ако Вартоломеј се обиде да признае автокефална црква во Македонија.

Она што е лесно воочлив е што во нападите кон Вселенската патријаршија и МПЦ-ОА коориднирано се вклучени медиумите кои ги бранат интересите на руската црква на Балканот.

И покрај тоа што Раковиќ отворено се противи на автокефалноста, сепак признава дека МПЦ-ОА е жива црква.

И тој, како и сите останати со блиски релации до патријаршијата во Белград имаат идентична позиција, а таа се темели на ставот дека автокефалност за МПЦ е неможна без СПЦ, односно какво и да биде решение донесено тоа мора да ја зачува духовната врска со СПЦ.

Треба да се има предвит дека процесите кои ќе следуваат поврзани со МПЦ-ОА ќе бидат со многу обиди, најчесто и лажни, да се спречи крајната цел.