ПОПИCOТ cо cкpшена нoга, штo дa очекyваме зa кpaтко

Македонија

Околу 300.000 иселеници надвор од Македонија, кои имаат македонско државјанство, не се попишале, изјави директорот на Државниот завод за статистика (ДЗC), Апостол Симовски, во вестите на Телма.

Според него, не е голема мака што не се попишале 1/3 од Македонците, туку најважно е да се прогонуваат тие педесетина луѓе кои не се попишале.

– Три месеци не се доволни за обработка и за објавување на резултатите од пописот. Во овој момент никој не ги знае резултатите. Затоа не сакам да ги коментирам шпекулациите за процентуалната застапеност на Албанците и на другите заедници. Најголемиот дел од населението е попишан, а поднесени се претставки до МВP за десетина граѓани кои одбиле да соработуваат со попишувачите.

Исто така, околу 300.000 иселеници имаат македонско државјансто, а не се самопопишале, истакна Симовски. Но само истакна, а не кажа решение за тој проблем и дали тие 300.000 Македонци ќе се избришат од процентот на население во земјава?

Пописот заврши во септември годинава, а за обработка на податоците потребно е време од околу половина година. На пописот, спроведен по речиси 20 години, беа попишани милион 833 илјади лица во земјава и 205.000 што се самопопишаа од странство.