
Откриено е зошто и кога е ЗАГАДЕНО Скопје
Со промена на власта во Град Скопје, се промени и перцепцијата за „квалитетот“ на воздухот кој го дишат граѓаните. Претходните години не беа нешто посебно загрижени на оваа тема, а ниту пак беше актуелна по медиумите. Сега оддеднаш воздухот „ се загади“ замислете!? Како си оди СДСМ од власт, така воздухот повторно се загадува! Како доаѓа СДСМ на власт воздухот е се’ почист! Чудно нели?!И повторно главна тема е „загадено Скопје“!
И Шилегов „плаче“ за загадениот воздух во Скопје. Доскорешниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов, на Фејсбук се пожали на загадениот воздух во главниот град, објавувајќи висок резултат на една од мерните апликации по полноќ.Скопје синоќа со индекс на квалитет на воздух 181, беше шести на листата на најзагадени градови во светот, според сервисот „Iqair“.
„Go green …“, напиша Шилегов во описот на фотографијата.