УАПСЕНА наставничка! Еве што сторила

Хроника

Италијанската полиција уапсила 45-годишна наставничка во основно училиште поради малолетна порнографија и сексуална експлоатација на малолетници.

Наставничката од Бари намамувала малолетници преку социјалните мрежи, каде што работела под псевдонимот „тетка Мартина“.Полицијата започна истрага откако добила неколку пријави од страна на родителите кои биле вознемирени од „необичното однесување на синовите“.

Утврдено е дека наставничката сексуално ги нападнала малолетниците, а со некои од нив снимала видео снимки со порнографска содржина или сексуалниот чин го пренесува „во живо“, со учество на неколку малолетници.

Наставничката е во домашен притвор, а полицајците истражуваат дали учествувале и други лица, покрај досега идентификуваните.