ДEMAНТ oд пoлкoвник Ceкyловcки со барање за извинување

АНАЛИЗА

МКДенес е медиум кој се грижи за вистината да дојде до јавноста во Македонија. Во таа насока, сите објави и деманти на истите се добредојдени и ќе бидат споделувани во оригинална форма. Секој има право да ја каже својата вистина.

Полковникот Секуловски до нас достави писмен демант, барање за јавно извинување и повлекување преку Адвокат Сузана Јошевска-Анастасовска, полномошник на Зоран Секуловски од Скопје

Во текстот објавен на 07.12.2021 година со наслов: „НАТО утврдило јато четници и руски агенти во Министерството за одбрана, сите поставени и унапредени од Шеќеринска. Жив фатен кандидатот за воен претставник на Македонија во Алијансата, полновник Зоран Секуловски“ и текстот објавен на 08.12.2021 година со наслов: „Скандалот се проширува, НАТО откило четничко дувло во Министерството за одбрана, дирекно конектирани со воениот злосторник Ратко Младиќ“, Секуловски смета дека се напишани невистини со единствена намера да се наруши неговата честа и угледот, со барање за јавно извинување и повлекување.

„Во врска со содржината на текстот објавен на 07.12.2021 година под наслов: „НАТО утврдило јато четници и руски агенти во Министерството за одбрана, сите поставени и унапредени од Шеќеринска. Жив фатен кандидатот за воен претставник на Македонија во Алијансата, полновник Зоран Секуловски“ и на 08.12.2021 година под наслов: „Скандалот се проширува, НАТО откило четничко дувло во Министерството за одбрана, дирекно конектирани со воениот злосторник Ратко Младиќ“, јавно се извинуваме на полковник Зоран Секуловски за невистините изнесени во текстот, а особено:

  1. Се извинуваме за напишаното дека полковник Секуловски е директен соработник на српските злосторници Слободан Милошевиќ и дека работел за Ратко Младиќ, бидејќи таквите тврдења не се поткрепени со ниту еден факт и не се вистинити;
  2. Се извинуваме за напишаното дека полковник Секуловски е разузнавач на непријателските служби и српски шпион и дека тој бил ставен од Шеќеринска да проверува и врши ВЕТИНГ бидејќи таквите тврдења не се поткрепени со ниту еден факт и не се вистинити;
  3. Се извинуваме за напишаното дека полковник Секуловски е примен во АРМ во 1994 година напишано во насока на поткрепа дека тој од 1992 до 1994 година работел за Слободан Милошевиќ и Ратко Младиќ, бидејќи е факт дека истиот е примен во АРМ во 1992 година, па таквите тврдења не се вистинити;
  4. Се извинуваме за напишаното дека сопругата на полковникот Секуловски учествувала во демострациите и во нападот и палењето на американската амбасада во Скопје, бидејќи таквите тврдења не се поткрепени со ниту еден факт и не се вистинити; “

Ви благодариме на доставата и ве охрабруваме се што мислите дека е од интерес на јавноста, да ни доставите за да биде објавено.

МКДенес