
Пeндаpоски го омекнува Paдeв
Заедничкото патување во Рим на македонскиот и бугарскиот претседател Пендаровски и Радев, заврши со среќен крај. Покрај молитва, тие споделиле искуства. Особено за спречување на говор на омраза помеѓу медиумите.
Во овој момент сум реалист и умерен оптимист, вели шефот на државата Стево Пендаровски откако во Рим се сретна со својот бугарски колега Румен Радев.
За обидите за пронаоѓање решение со Бугарија и одблокирање на почетокот на преговори на земјава со ЕУ, кажа дека наредните денови ќе достават предлози. Кои ќе се базираат на акционите планови, секторската соработка, кои ги правеле и во ноември и во декември, ги доставувале и до Брисел и до Софија. Вклучена е патна и енергетска инфраструктура, медиумска соработка, културата, образование итн. Нема да има нов договор со Бугарија, а земјава нема никаков проблем со мониторинг од ЕУ.
„Радев зборува со сосема поинаква реторика од претходниците во бугарската Влада. Од министерот за одбрана, министерот за надворешни работи и се обидува да ја спушти топката и се обидува со културен речник да се обраќа. Тој се држи до суштинските бугарски барања. Не не навредува. И тоа веќе кажува оти се работи за човек кој е сериозен, стабилен и не мисли да ќарува само политички поени со тоа што ќе навредува некој од соседите“, рече Пендаровски.
Дали напорите на Пендаровски ќе вродат со плод, останува да видиме за една седмица.