ПPOMEНИ вo вpвoт нa BMРО ДПMHE, кoj зaминyва
Тимот ќе се проширува со луѓе кои се искусни и со луѓе кои се општествено активни во Македонија кои ценам дека споделуваат исти вредности, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето во Македонската телевизија.
Според него капацитетот е истрошен на владеачката структура и мора да се прави нешто да се даде одговор на предизвиците и проблемите. Тоа, рече тој, сега не го гледаме.
„Затоа цениме дека кога кај противникот капацитетот е истрошен и со вака проширен капацитет не може ништо, тогаш ние се организираме и нудиме подобри персонални решенија“, рече Мицкоски.
Според гласините од седиштето на таа партија, очекувани се промени во составот на Извршниот комитет, но и на потпретседателите и генералниот секретар. Кој заминува, дали тивкиот Мисајловски или гласниот Николовски? На местото на генерален секретар планирано било да дојде човек со поголемо организациско искуство, наспроти актуелниот ген сек со партиско искуство.
Изјавата на претседателот Мицкоски навестува само еден вид на проширен состав на Извршниот комитет, со намера да понуделе персонални решенија и да привлечеле општествено активни ликови кои ќе бидат освежување во раководството, без најава за разрешувања.