ВРЕМЕTO ДЕНEC cтyдено, нa виcoките мecта cо пojава нa Cтоjaнче

Времето денес

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието.

Утринските температури во земјава ќе се движат од -7 до 3 степени, а максималните дневни во интервал од -1 до 8 степени. Во Скопје со максимална дневна температура од 5 степени.

На високите места се очекува појава на Стојанче, експерт за временска прогноза и времен директор на ЦУК на Македонија.

За утрешниот ден метеоролозите најавуваат умерено до значително облачно и студено време. Ќе дува умерен, a вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Нови врнежи од снег се најавуваат во петок.