ДОБРО УТРО од Аматерката со УРНИСАНО образование на Мила

Uncategorized, Македонија

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

УРНИСАНО образование на Мила

Министри за образование во независна Република Македонија одлучувале, донесувале закони, ратификувале документи и ја создавале сликата на образованието што го имаме денес. Припаѓале на различни политички партии и националности, а хронологијата вели дека некои од нив имале навистина тешки задачи.


Називот на институцијата од 1991 до 1998 година бил Министерство за образование и физичка култура, кога било споено со Министерството за наука и преименувано во Министерство за образование и наука. Министер за образование и физичка култура Димитар Димитров (20 март 1991 – 19 јануари 1992) – експертска влада. Во негово време повеќе се зборувало за неговата бугарска ориентација отколку за придобивките од неговото министерување.

Министерувањето на  Димитар Бајалџиев е познато по заложбата за обезбедување кадри за наставници на албански и турски јазик, а Емилија Симоска по воведувањето на државната матура. Протестите со глад  не потсетуваат на министерувањето на Софија Тодорова, а Штуловиот Уневирзитет на Ненад Новковски. За разлика од претходните Гале Галев инсистираше на задоволителен квалитет во работењето и  на недискриминаторски и фер основи. Легализацијата на Државниот универзитет во Тетово  и Болоњската декларација се во време на Азис Положани но исто така и  генералниот штрајк поради не исплатени плати.

Интензивен период во министерувањето имаше Сулејман Рушити. Обелодени за фалсификувани дипломи од Државниот универзитет во Тетово, а во негово време е основан Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Перо Стојановски е министер кој  не успеа да воведе веронаука и екстерно тестирање и поднесе неотповиклива оставка . „Сенаменскиот“ Никола Тодоров дојде со амбициозна најава дека од корен ќе го менува образованието но замина со заклучок дека Македонија има исклучително неповолна образовна структура.

Неговиот наследник Панче Кралев воведе повеќе новини кои претходно беа најавувани.Сам си даде оставка од лични и семејни причини. Со Спиро Ристовски дојде и Кембрич-програмата. Најголемите и најмасовни протести на студенти и ученици се случија во време на Абдилаќим Адеми.Од него се бараше да се укине екстерното тестирање и подобрување на  студентските домови. Караткото министерување во кое најголем настан беше почнувањето со работа на новиот, шести Државен универзитет „Мајка Тереза“ е времето на Пиштар Љутфиу.

И тука некаде почнува  вистинското УРНИСУВАЊЕ на образованието. Сакајќи да се допаднат на гласачите и воедно да си го остварат предизборното ветување Рената Десковска го укина екстерното тестирање и вети преиспитување на дотогашните воведени реформи. Не успеа да ја преиспита Кембрич-програмата, ниту квалитетот на учебниците, а  измените во Законот за образование остана задача на Мила Царовска.

Сите претходни слабости и непромислени одлуки од нејзините претходници тежат помалку од нејзините злодела врз образованието. Никој пред неа не помисли да „чепне“ во с‘ржта на образовниот процес и да го искористи за  промена на личноста во нејзина-посакуваната насока.

Нејзината упорност и тврдоглавост се насочени кон  промена на образованието и процесот со кој нашето општество ги пренесува акумулираните знаења, вештини и вредности од генерација на генерација. Преку таа нејзина така наречена реформа се обидува да го промени концептот на институцијата семејство.

Ако семејството е основна клетка од која е изградено општеството и  го втемелува имањето потомство како предуслов за имање на истото, намерата на Мила има повисока цел. Тоа е уништување на целото општество.

Преку нејзините обиди за негирање на биолошко-репродуктивната функција на семејството инсистира на губење на континуитетот на животната заедница односно нејзината репродуктивна функција. Мила работи на дезинтеграција на општеството која означува расчленување и намалување на се помал број на членови. Ваквата дезорганизација ќе донесе слабеење на наталитетот и пореметување на семејството а со тоа и на општеството.

На добар пат е да успее во својата намера доколку не се направи сериозен обид за нејзина промена од министерското место.