
АКЦИЈА на инспекции во Битола, сите помисливме во Арачиново и Грчец
Денеска во периодот од 00.30 часот до 02.00 часот, на подрачјето на Полициска станица Битола, полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи спровеле заедничка акциска контрола во угостителски објекти во Битола.
Граѓаните се најдоа затекнати, ова е чудо да има акција во Битола. Сите мислевме дека акцијата е во Арачиново и во Грчец, со оглед на фактот што таму сме навикнати да гледаме нон стоп контроли.
При контролата во Битола за чудо, биле затекнати 4 лица без Ковид-сертификат и едно лице со лажен Ковид-сертификат, за што се изречени соодветни санкции. Се очекува специјална пресконференција од министерот Оли Спасовски, со оглед на успешноста на акцијата и фатените тешки криминалци.
За време на контролата од страна на УЈП и ДПИ регистрирани се и други неправилности за кои, исто така, се изречени соодветни мерки. Удрете додека можете и додека има кој да ве трпи!