АТЕНТАТОТ на Ердоган, кој го планирал и зошто се откриени (видео)

Балкан

Турските разузнавачки служби вчера спречиле обид за напад врз претседателот Реџеп Таип Ердоган, јавија некои турски медиуми.

Според извештаите, експлозивна направа е пронајдена под возило кое е дел од обезбедувањето на претседателот. Но информациите говорат дека често Ердоган ги менува возилата со кои се превезува, особено при посета на локални настани или митинзи. Во случајов Ердоган бил на локален настан во југоисточниот град Сирт.

Бомбата, која била пронајдена само неколку минути пред почетокот на митингот, брзо била деактивирана. Проблемот е што само најблиските соработници на Ердоган заеле за плановите тој да се превезува токму со тоа возило под кое бил поставен експлозивот. Дали тоа значи дека имаше обид за атентат организиран од најблиските соработници, а извршители се припадници на куртските милиции?

Западните аналитичари јавуваат дека тоа е сценарио од ПР службата на Ердоган со кое тој се обидува да го сврти вниманието на јавноста од огромната инфлација во Турција и девалвација на лирата, а да добие причина повторно да апси неистомисленици. До сега е притворена половина Турција, за несогласувања со султанот Ердоган.

Во тек е истрага за инцидентот.