
Избегнат судир на два авиони!
Авион на руската компанија Аерофлот морал да ја смени висината откако на патот му се нашол авион на НАТО, јавија денес руските воздухопловни сили во коментарите до новинската агенција Интерфакс, предупредувајќи за ризиците во источноевропскиот воздушен простор.

Авионот со 142 патници морал да се спушти 1.800 метри за да избегне судир.
Екипажот на авионот на НАТО ЦЛ-600 не реагирал, соопштија Русите, предупредувајќи дека зголемувањето на летовите на НАТО во регионот е ризик за цивилното воздухопловство.
НАТО не го коментираше инцидентот.
Тензиите растат со Украина која ја обвинува Русија за планирање напад, додека Русија тврди дека Киев се однесува воинствено.
Иако Украина не е членка на НАТО, сили на воениот пакт често дејствуваат во таа област провоцирајќи ја Москва.