
ГРЧЕЦ троши, до кога ние граѓаните ќе плаќаме
Вчера на автопатот Скопје-Тетово, жителите на Грчец протестираа поради дефекти на мрежата за дистрибицуија на електрична енергија. Со реакција се јавија од ЕВН. От таму велат дека електродистрибуција постојано во текот на многу години значително инвестираше и се обидува да направи реконструкција на мрежата во Грчец, но екипите секогаш наидуваат на навреди и закани по живот, како и закани за предизвикување на материјална штета од страна на жителите.
„Дефектите во селото се резултат на преоптоварување на мрежата од самите жители кои нелегално користат електрична енергија за сопствени потреби како и за копање биткоини. По настанување на дефектите, жителите иако пријавуваат дека немаат електрична енергија, сепак не им дозволуваат на екипите на Електродистрибуција да го санираат дефектот. Електродистрибуција иако постојано инвестира во материјални и човечки ресурси за решавање на проблемот во Грчец, сепак обидите секогаш неуспешно завршуваат бидејќи жителите не дозволуваат да се работи на ниту еден начин.”, велат од ЕВН.
Процесот на „копање“ на криптовалути бара моќна електрична мрежа, бидејќи троши огромни количини струја. За таа струја Грчец не плаќа, туку ја користи без пари поради ветувањата на власта дека нема да плаќаат струја ако гласаат за нив. На тој начин, загубите на ЕВН се пренесуваат во сметките на сите останати граѓани, што значи ние плаќаме за банди од Грчец да трошат. На здравје покорни и мудри граѓани, особено поддржувачи на власта.