Еве зошто Заев го ДАДЕ Филипче

Политика

 

На прашањето дали министерот за здравство Венко Филипче кој наскоро ќе ја напушти министерската функција, ќе добие некоја друга позиција во Владата, премиерот Зоран Заев рече дека во прво време двајцата ќе имаат повеќе заедничко време, бидејќи, како што истакна, тој покрај што е негов соработник, пред се е голем пријател.

-Сега Филипче ќе стане поголем другар со мене. И претходно можевте често да не видите како заедно возиме мотори, но сега ќе имаме повеќе врем. Кога работите, немате време за тоа. Тој е мој пријател, покрај тоа што е соработник.

Но, новите министри и новата влада нема да дојдат со мене како премиер, ќе дојдат со нов иден премиер на владата. Како неврохирург, Ванко Филипче може да биде корисен за здравјето, но има одлични знаење кои може да бидат употребени во периодот на општествено ниво. Доколку новите кадри кои доаѓаат и новиот премиер не сметаат на него, јас сметам на него“, нагласи Заев по потпишувањето на договорот постигнат со Алтернатива.