ДЕФЕКТНО ДОБРО УТРО од Аматерката

Uncategorized, Добро утро

ДЕФЕКТЕН МЕХАНИЗАМ за контрола на Власта

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Кога станува збор за поделба на власта во современите правни системи се зборува за демократски општества, кои имаат интер-зависни механизми на контрола на власта во една држава. Власта во овие општества се дели на: законодавна, извршна и судска. Од  вчерашните преговори помеѓу две политички партии јасно е дека нашево општество е далеку од демократско и без контрола на власта. Интер-зависните механизми кај нас се  дефектни! Не сакаме да ги поправиме бидејќи вака „мануелно“ функционирање повеќе ни одговара. Доколку профункционираат ќе се изгуби потребата од тезга-политики, а со тоа и моќта на Зоки.

Вчерашниот договор помеѓу двете партии е доказ дека поделба на власта во нашето општество не постои. Моќта е во рацете на еден човек. Така лежерно си договарија  ревизии на судски пресуди, постапки, именувања на функционери  и разно разни директорчиња, без око да им трепне. Како тргнаа, можеа и нови судии да изберат на партиската средба! Со Заев се е можно!

Божем, причина за влегување на Алтернатива во Владата беше историскиот момент за отворање на преговорите за членство во ЕУ и затворање на спорот со Бугарија! Како мисли Зоки да го отвори патот за евроинтеграција со ваков начин на практицирање власт, не е јасно. Каква е таа поддршка за интеграција во ЕУ условена со директорски места на затвори?! Толку многу се загрижени за иднината на државата што по трет пат одржуваа средби за да „пресечат поголемо парче од колачот”!

После вчерашниот договор повеќе од јасно е кои се вистинските приоритети на власта. Односно единствен приоритет е зачувување на власта и докусурување на државата. Од тезга-политиката на Зоки неможе да се очекува просперитет.