
СКАНДАЛ: ЗАЕВ за власт даде г*з, судски одлуки на политичка маса
Преговорите Заев – Гаши завршија со „хепиенд“, а резултатот покажува дека Заев за власт даде газ! Алтернатива ќе биде дел од Владата и од парламентарното мнозинство, одлучи вечерва Централниот совет, највисокото тело на партијата. Но цената на влегување во владата е повеќе од скандалозна. На преговарачка маса се ставени судски предмети, професионални административни позиции каде треба да има лица од кариера, професионални места во безбедносен сектор, нешто невидено во досегашната пракса во земјава и странство. Буквално суспендиран е целокупниот правен и политички поредок во земјава, професионализам и етика на управување, само Заев да ја задржи власта.
Како што изјави партискиот портпарол Орхан Муртезани, одлуката била донесена со мнозинство гласови во Централниот совет.
Лидерот на партијата Африм Гаши на седницата во партиското седиште во Тетово ги информирал за текот на досегашните преговори и програмските точки кои се договорени, како и за преземените обврски.
Причина за влегување на Алтернатива во Владата се добивањето на повеќе министри од пратеници, да не говориме за други функционери, суспендирање на правниот поредок во земјава, а Муртеазни раскажува приказни за некаков историски момент за отворање на преговорите за членство во ЕУ и затворање на спорот со Бугарија како цели на државата, но и на Албанците затоа што со тоа ќе се отвори патот за евтоинтеграција на целиот регион. Демек Албанците се посебна врста на луѓе, а не граѓани на државата. Ваков вокабулар не користеше ниту Ахмети за време на војната во 2001 година.

– Дополнително се договоривме Владата да бара меѓународна истрага за случаите каде што има сомнежи за политичка импликација како што се Монструм, Алфа, Диво насеље, Алмир Алиу итн. Договоривме и точки кои се однесуваат на рамномерниот регионален развој, економски развој на Липковско, заштита на семејството како јадро на општеството што е наша основна програмска дефиниција, но и заштита на цената на струјата која е исклучително важна во ова време. Сметаме дека постигнувањето на овие договори е голема победа за нашата држава, за Албанците во Македонија и пошироко, но и партиска победа на Алтернатива, истакна Муртезани.
Тоа значи суспендирање на целокупниот правен и судски систем во Македонија, зашто Албанци не смеат да одговараат ниту за убиство или тероризам, а кога се они оштетени мора да има одговорност, потоа победиле замислете Албанците надвор од Македонија, што е скандал од меѓународни размери, регионите каде живее локално албанско население да бидат повластени, за разлика од останатите во земјава, таму да не се плаќа данок, а друг да им ги плаќа трошоците, и сл. Скандал до скандал. Ваквото однесување на Заев е основ за поведување на истрага за кривична одговорност.
Со влегувањето во Владата, посочи партискиот портпарол, Алтернатива докажа дека е клучот за решавање на кризата, а не само декор со четворица пратениците, и таа ќе преземе и важни одговорности.
– Ние ќе преземеме значајни обврски од областа на здравството, борбата против криминалот и корупцијата, енергетиката, организацијата на дијаспората, но и образованието, културата и подигнувањето на квалитетот на животот на граѓаните, поддршка на економскиот живот на сите граѓани на државата, кажа Муртезани.
Сите детали за договореното околу влегувањето на Алтернатива во Владата, утре во 13 часот во Клубот на пратениците ќе информираат лидерот на партијата Африм Гаши и премиерот Зоран Заев, кои свечено ќе ја потпишат програмата за заедничко дејствување.
Централното претседателство на партијата Алтернатива, која во Собранието има 4 пратенички места, откако вчера одлучи да се приклучи на парламентарното мнозинство, договорено е да добие 47 високи позиции во валдините институции.
Според извори на Алсат овие се местата каде ќе раководат членови на Алтернатива:
- Добиваат 3 министерски места во здравство, информатичко општество и администрација и дијаспора;
- Добиваат 5 заменик министри во култура, образование, финансии, земјоделство и транспорт и врски;
- Заменик претседател на Собранието на Македонија;
- Генерален директор на Мепсо;
- Генерален директор на железнички транспорт;
- Управа на тетовска болница;
- Национален граничен координатор;
- Генерален директор на Пензиски фонд;
- Заменик директор во испитен центар;
- Директор на Инспекторат за локална самоуправа;
- Заменик директор во Службен весник;
- Директор на Затвор Идризово;
- Директор на Агенција за странски инвестиции;
- Директор на Агенција за претприемништво;
- Директор на Институт за културно наследство;
- Директор на Инспекторат за стандардизација;
- Директор на гостиварски театар;
- Директор на тетовска библиотека;
- Директор на Агенција за млади и спорт;
- Помошник министер во МВР;
- Водечки сектор во царината;
- Агенција за вработување Струга;
- Кинотека Струга;
- Сектор МВР Тетово;
- Клиника Скопје.
Ваков резил на безочно сместување на партиски активисти на една партија и барање на места за секој поединечно не е виден во историјата на политичките преговори во земјава. ДУИ ќе испадне „часна сестра“ за ова поведение на Алтернатива.