богојески

КРИВИЧНА за Заев за суспендирање на Уставен поредок – Богојески

Македонија

Лидерот на Македонски Концепт за промовирање на иновативни политики, најави кривична пријава за лицето Зоран Заев за нарушување на уставниот поредок на земјава.

Тој на неговата фан страна, по повод новиот договор за владина коалиција помеѓу СДСМ и Алтернатива, објави дека вакво ДНО од политички преговори до сега не е забележано во светска историја!

Според Богојески, суспендиран е граѓанскиот концепт на државата, се воведува економски апархејд врз дел од граѓаните, суспендирани се правосудениот систем и системот на професионална кариера. Едноставно суспендиран е УСТАВНИОТ ПОРЕДОК на МАКЕДОНИЈА! – смета Богојески.

МКонцепт ќе ја разгледа основата за поведување на кривична постапка за лицето Зоран Заев за дејства против Уставниот поредок на Република Македонија!!!

Почитувани граѓани,

повикувам на граѓанска мобилизиција со цел да се зачува граѓанскиот карактер на Македонија. Доколку продолжи ова лудило, Македонија ќе стане земја на етнички и политички банди, кои ќе злоставуваат граѓани по сопствено наоѓање.

Јас сеуште верувам дека има домаќини луѓе во СДСМ, кои си ја сакаат државата и напредокот, не дозволувајте болеста за власт и привилегии на неколкумина од раководството на Вашата партија да не кошта државност!!! И Вие станувате подеднакво робови на оваа заложничка криза, во која се урива Уставниот поредок на Републиката!

Не чекајте мечката да заигра кај соседот, ќе дојде ден ќе заигра и во Ваш двор! Кај секој еден од Вас! Вакво поведение не смее да помине! Суспендиран е уставниот поредок на земјата! Мое е да Ви кажам, а Вие си знаете! – пишува Богојески.