На младите во Скопје им е преку глава

Забава

Поради корона кризата, ноќниот живот во Скопје се претвори во визуелен свет на социјални мрежи. Повеќе од година постојани рестрикции, полициски час, мерки. На крај се покажаа сите неефикасни. Само вакцинацијата ја стави работата под контрола.

Младите охрабрени од падот на заразата и високиот ефект на вакцинацијата и колективниот имунитет кој веќе го постигнавме како нација, си самоорганизираа ноќна забава. Во дворот на Музеј на Македонија, техно журка со диџеј и прекрасна атмосфера. Погледнете на овој линк:

Журката наиде на голема осуда од повозрасните граѓани. МВР е немоќно веќе да се носи со нетрпеливоста и пркоста на младите. Кога ќе ти дојде нешто преку глава, дојдено е!

Мира Гаќина, директорка на Музејот, каде се организираше журката, извести дека станува збор за изложба со специјален перформанс на диџеј. Одлична формулација да си ја сочува позицијата, но и да им помогне на младите. Во оваа формуација на настанот, никој не поверува. МВР најави истрага и казни.

Според сегашните протоколи забранети се масовни собири, задолжително е носењето маска на отворено и не е дозволено организирање настани со жива музика.