Државниот Секретар на САД Блинкен интервенира во Саудиска Арабија

Македонија, Свет

Државниот секретар на САД Антониј Блинкен разговараше денес со министерот за надворешни работи на Кралството Саудиска Арабија, Фајсал бин Фархан Ал Сауд. Информацијата доаѓа од прес службата на американското МНР.

Секретарот Блинкен и министерот за надворешни работи Ал Сауд разговараа за тековните напори за смирување на тензиите во Израел и Западниот брег и Газа. За ставање крај на сегашното насилство. Секретарот изрази жалење за загубата на палестински и израелски животи. Тој повика на ангажман за да се спречи продлабочување на кризата.

Тој исто така изрази верување дека Палестинците и Израелците заслужуваат еднакви мерки на слобода, достоинство, безбедност и просперитет.

Наспроти сите повици за смирување на судирите и тензиите, радикални групи кои ја злоупотребуваат религијата за политички цели, дејствуваат кон разгорување на судирите. Американската дипломатија силно дејствува во насока на смирување на тензиите на Блискиот исток. Тоа е политика која се спроведува низ целиот свет. За разлика од тие тенденции, религиозни екстремисти предизвикуваат немири низ светот. Таков случај имаме и во Македонија. На протестот за Палестина се извикуваа радикални џихадистички пораки. Тие се навредливи за останатите граѓани со различна религија. Тие протести ги организираа т.н. граѓански активисти, кое предходно биле апсени за тероризам во Израел или Сирија. Сега дејствуваат во Скопје.

Секретарот и министерот за надворешни работи разговараа и за други важни приоритети, како што се зајакнување на саудиската одбрана, постигнување сеопфатен прекин на огнот и премин кон политички процес во Јемен и континуиран напредок во однос на човековите права. Секретарот им ги пренесе своите најдобри желби на министерот за надворешни работи и на саудискиот народ за Курбан Бајрам.

се вели во соопштението на американскиот Стејдепартемент.