Еве за кого ќе биде ЗАДОЛЖИТЕЛНА вакцината!

Храна и Здравје

Од 13. декември, во земјите на Европската Унија, вакцината на Фајзер ќе биде достапна и за децата од петгодишна возраст.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен нагласи дека од производителот на вакцината добила „добри вести“ во однос на имунизацијата на децата против корона вирусот.

– Тие се во можност да го забрзаат производството. Со други зборови, вакцините за деца ќе бидат достапни од 13 декември, нагласи Фон дер Лајен.

Препораката на Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ЕЦДЦ), против ковид да се вакцинираат децата на возраст од пет до 11 години, а приоритет да имаат деца со висок ризик од развој на тешки форми на болеста.

По појавата на новата варијанта омикрон, во повеќе европски земји, Фон дер Лајен најави и дека се согласува во рамки на Европската унија сериозно да се дебатира да за задолжителната вакцинација.

– Тоа би барало заеднички пристап, но мислам дека тоа е разговор што треба да се одржи, рече таа.

Според неа, ќе бидат потребни околу 100 дена за научната заедница да го приспособи одговорот на вакцината на новиот сој на вирусот.