ПPEДУПPEДУBAЊE мoжeн тepopиcтички нaпaд вo Maкедoниja

Македонија

Се борел во Сирија и знае да користи оружје. Државјанин е на Косово а оперира и во Македонија. Тајните служби му се зад петици и ги знаат возилата кои ги користи. Информацијата за потенцијалниот терорист стасала од странска служба, а МВР е на готовс.

Истрагата е во тајност, а неофицијално активностите на македонските истражители следат откако и Косовските медиуми пред три дена објавија дека САД испратиле известување за можен терористички напад на Косово, два дена откако беше стрелано кон автобус со средношколци, во Глоѓане.

И Скопје синоќа беше во страв од тероризам откако експертите за експлозиви бараа поставени бомби на две локации. Пријавите за бомба во МНТ и зградата на државната комисија за спречување корупција се лажни објави МВР, но заканите за тероризам се реални. Експертите изјавуваат дека лажните дојави им одат во корист на терористите за да предизвикаат чувство на страв и да привлечат следбеници.

Во два наврати изминатите година – странски тајни служби асиситираа во разбивање на две терористички ќелии – акции кои резултираа со судски пресуди и долгогодишни затворски казни за луѓе кои имале пари, располагале со оружје и стекнале воено искуство на боиштата.

Пред само неколку месеци кривичниот суд во Скопје изрече 9 затворски казни за членовите на кумановската терористичка ќелија. Четворицата организатори според првостепниот суд треба да минат во затвор до 6 до 12 години бидејќи според обвинителството основале терористичка организација, набавиле оружје, се обучувале и се подготвувале за акција.

Заедничко од истрагите на македонските истражители, странските служби и амбасади е дека можни напади во регионот на Балканот, вклучително и Косово се туристичките места, сообраќајните центри, пазарите, трговските центри, структурите на локалната власт, хотелите, клубовите, рестораните, местата за богослужба, парковите, големи спортски и културни настани, образовни институции, аеродроми и други јавни површини.