
БУЧКOBCKИ вo жaлocт, ocтана бeз cпонзopи, штo дoговopaл cо Зaeв
Тешки денови за тенковскиот политичар Бучковски. Во Бугарија му пропаднаа шефовите од кои чекаше награда, а во Македонија му замина спонзорот. Бучковски во жалост, соопшти дека Зоран Заев бил најдобриот претседател што го имал СДСМ во изминативе 30 години, вклучително и од него самиот, вели во изјава за неделникот Фокус.
-Заев е најзаслужен за враќањето на СДСМ на власт, по 10 тешки опозициски години. Тој е најзаслужен за влезот на Македонија во НАТО. Тајната на неговиот успех е неговиот карактер и неговата „несовршеност“, но, пред се, неговата храброст, изјави Бучковски.
Тој изјави за се, само не за она кое го договарал со Заев. Бучковски не соопшти дека бил договорен со Заев да биде амбасадор во Бугарија, а сега може да тагува. Токму поради таквите игри зад грбот на македонските граѓани, Заев заминува во заслужена пензија.
Тој смета дека има 3 етапи од развојот на СДСМ, при што првиот е поврзан со Бранко Црвенковски, вториот со него и Радмила Шеќеринска и третиот со Заев. Очигледно сеуште го држи пијанството од власта кога шверцаше тенковски делови и шиткаше интереси во Телеком.