Јелена Карлеуша (48) се бакнува со 25 години помладиот дечко – ја потврди врската со Александар (видео)
Јелена и Александар беа првпат снимени заедно кон средината на септември, во ресторан, додека со нив е и поголемо друштво, а потоа и како манекенот ја пречекува на аеродромот Никола Тесла. Сега со јавен бакнеж ставија крај на шпекулациите.
Јелена Карлеуша (48) и 25 години помладиот манекен Александар Шево потврдија дека се во врска по едномесечни шпекулации во јавноста дали се пар или не. Неколку српски медиуми објавија видео на кое се гледа како тие не се одвојуваат еден од друг, играат, разговараат и во еден момент се бакнуваат.
Ова е прв јавен бакнеж на Јелена и Александар, со кој ставија крај на гласините дали се заедно. И покрај тоа, некои се сомневаат дека врската е реална, особено што во едно од видеата се гледа како Јелена цело време погледнува кон камерата и знае дека ја снимаат.
Тие беа првпат снимени заедно кон средината на септември, во ресторан, додека со нив е и поголемо друштво, а потоа и како манекенот ја пречекува на аеродромот Никола Тесла. Тој беше покрај Јелена и во текот на нејзините две патувања во Скопје, кога таа одржа ‘прес-турнеја’ пред концертот, но и на самиот концерт и не се одвојуваше од неа.
За потсетување, Александар се појави и во еден од последните спотови на Јелена. Таа пак, во последниов период неколкупати изјави дека се гледа со некого и дека ѝ е убаво, но не откри за кого станува збор.
Видеото од сочниот бакнеж може да го погледнете на овој линк.
