оливер спасовски

ЛАЖНО добро утро од аматерката со истрагата на Оли

Добро утро

Лажната истрага

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Четири дена по несреќата се појави инспекција во една од подружниците на БЕСА ТРАНС БТБ ДООЕЛ во Скопје. И тоа во туристичката агенција. Седиштето каде што е регистрирана дејноста за превоз и од каде е логично инспекторите да бараат документација се наоѓа во Рашче.

Ако го тргнеме сомнежот дека ваквиот начин на менаџирање на институциите е од други криминални дејствија, останува да констатираме дека аматеризмот и понатаму им е “најсилната” страна. Оливер пак, информираше дека дополнитено сите агенции кои вршат транспорт и институции кои се бават со таа дејност ќе бидат предмет на истрага во наредниот период. Исто така не пропушти да им порача дека доколку се увидат одредени неправилности ќе има кривично-материјална санкција. Тоа е начинот на функционирање на оваа власт. Што би рекле стари функционираат секогаш во стил “по свадба, тапани”!

Никако да сведнат глава и да признаат дека сите трагедии што им се случија се производ на нивниот аматеризам. Тоа го потврдува фактот што истиот автобус стотина пати поминал на истиот начин. Ниту Ласкарци, ниту ковид болницата, па ни оваа трагедија не е доволна да ги натера да подразмислат за тоа дека е потребна одговорност! Продолжуваат понатаму единствено водени од својата желба за власт. И овојпат го потврдија тоа.