СРАМНО: Дополнително е пронајдено телото од жртвата која недостасуваше

Хроника

Првично бугарските власти тврдеа дека во автобусот се пронајдени тела на 44 лица, но при дополнителен преглед е пронајдено уште едно тело. Со тоа бројот на жртви се искачи на 45 – потврди бугарскиот заменик главен обвинител Борислав Сарафов.

Не 44, туку 45 тела се пронајдени во автобусот на компанијата „Беса транс“, кој во понеделникот изгоре во Бугарија. Првично, бугарските власти тврдеа дека во автобусот се пронајдени тела на 44 лица.

При дополнителен преглед на македонскиот туристички автобус што изгоре на автопат во Бугарија било пронајдено уште едно тело. Оваа информација ја потврди бугарскиот заменик главен обвинител Борислав Сарафов, објави Бугарското национално радио.

Станува збор за тело од едно од постраданите деца, кое се обидело да се сокрие од пламенот. Тоа е скоро целосно изгорено. Дополнителните проверки на веќе отстранетите остатоци од автобусот го откриле детското телото на патникот кој недостасуваше. Конечната бројка на пострадани е 45 лица.