
НАТО со дирекна порака до Русија
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ја предупреди Русија дека скапо ќе ја чини секој обид за инвазија на Украина.
Столтенберг тврди дека Русија има акумулирано тешка воена опрема, тенкови и војници подготвени за борба во близина на Украина.
Генералниот секретар на НАТО тврди дека ова е втор пат годинава Русија да натрупа голема и невообичаена концентрација на сили во регионот, која вклучува тенкови, артилерија, оклопни единици, беспилотни летала, системи за електронско војување и единици подготвени за борба.