ДАЛИ ЗНАЕТЕ за часовникот во Скопје

Дали Знаете

ДАЛИ ЗНАЕТЕ?

Пишува Гордана Јанакиевска

ДАЛИ ЗНАЕТЕ… На 26 ноември 2004 во Скопје проработи сончев и песочен часовник, поставен на фасадата на Природонаучниот музеј на Македонија. Часовникот е иновација на Коља Асенов, географ и професор по астрономија.

Часовникот има форма на тристрана призма и тежи 150 килограми. Направен е од челик, месинг и бакар, висок е два метра, а во следните 500 години нема да престане да работи. За овој пронајдок Асенов добил и неколку награди и признанија во земјава и во странство.

Овој часовник е универзален, бидејќи, иако е направен во Скопје, може да се постави на кое било место во светот и да го мери времето. На него се отчитува реалното физичко време, со точност од плус-минус 15 минути. На него е поставен и песочен часовник, кој ги отчитува неделите, месеците и годините, а времето го пресметува според речиси сите постојни календари.