бучковски

БУЧKOBCKИ ocтанa бeз нaгpaда, шиpи дeфетизaм

Изјави

Промената на власта во Бугарија, отварањето на можноста за составување на нова бугарска проевропска влада, не му се допадна на македонскиот награден преговарач Бучковски. Самото губење на позициите на наградувачите означува две работи, или Бучковски мора да одработи за веќе добиена награда и да шири дефетизам или остана без награда, па сега од мака ќе шири дефетизам. Кое од двете да е вистина, Бучковски не работи за Македонија и македонските интереси.

бучковски

Мора да сме претпазливи кога ги подгреваме очекувањата на јавноста, вели специјалниот награден претставник на македонската влада за Република Бугарија, Владо Бучковски во своето гостување во емисијата „360 Cтепeни“ на Алcaт. Како што вели тој, постојат можности за пробив во декември, иако времето е кратко дури и ако Бугарија успее да добие влада до 14 декември.

бучковски

Изгледаше веројатно дека до 14 декември ќе има влада во Бугарија, сега другата преовладувачка дата е до Божиќ, а ќе остане во декември малку време. Треба да се види што значат пораките затоа што и од бугарска страна, иако немаат влада и претседателот Радев и службениот министер, Стоев, па дури и нивниот амбасадор во ЕУ, Александров, говорат дека има потреба нешто конкретно да направи Република Македонија, краткорочно, а тоа што нема време да се направи сега, долгорочно би нашло решение во преговарачката рамка, рече Бучковски.

Со други зборови, според Бучковски или ќе ги исполниме неговите ветувања дадени во Бугарија за соодветна награда или нема да има ништо ако тој не исполни задачата што му е дадена. Вакви преговарачи на Македонија не и требаат!