ЗАЕВ во опасност, дали МВР ќе успее да го заштити

Хроника

Поради закани по животот на премиерот од странство, околу премиерот во оставка Зоран Заев има засилено обезбедување. Изворот на заканата не се открива, но тоа е забележително во ограниченото негово движење, појавување во јавност и ограничени средби со граѓани.

Непроверени извори од МВР информираат дека заканите по животот на премиерот во оставка дошле од Швајцарија, а сериозноста на истите предизвикале и загриженост кај безбедносните служби, по што личното обезбедување на Заев е засилено.

Од МВР не потврдуваат ниту демантираат, наместо тоа објаснуваат дека се работи за класифициран документ.

– Мерките и активностите кои се преземаат за обезбедување на Претседателот на Владата на РСМ се реализираат исклучиво согласно „План за обезбедување на премиерот“, што претставува класифициран документ, стои во одговорот на МВР.

Загрижува состојбата во МВР, каде системот е „швајцарско сирење“, целосно нефункционални служби, корупција, непрофесионализам, особено вгнездување на криминални банди во системот на институцијата. Дали такво МВР може да пружи заштита на било кој, па и на премиерот на државата?

Прес-службите на Владата пак, немаат информација за безбедносната состојба во врска со премиерот.