ЈАНУШЕВ: ВМРО ДПМНЕ ја прифаќа Северна Македонија
После случувањата при конституирање на различни Совети на Општини, каде советниците од ВМРО-ДПМНЕ потпишаа Уверенија под името „Република Северна Македонија“, Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ вели дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ кон Преспанскиот договор се нема променето, но исто така и ја разбира постапката на советниците.
– Нашиот став како ВМРО-ДПМНЕ во однос на Преспанскиот договор не се променил. Преспанскиот за нас е завршена работа.
Од друга страна, како некој што му пречи придавката, ги разбирам и овие потези. Не го гледам како нешто на кое што треба да му се дава преголемо значење, ниту да му се посветува преголемо внимание.
На прашањето како ќе функционираат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставното име Република Северна Македонија, Јанушев вели ќе го прифатат Северна каде што ќе мораат.
-Градоначалниците ќе потпишуваат документи каде што нема да биде возможно потпишување без придавката, но ќе има простор како што ќе може да покажат пркос, вели Јанушев.