САД не се посебно вознемирени, ова е пораката за Заев

Свет

Американската амбасада ги следи настаните по вториот круг локални избори, вклучувајќи ја и најавата за оставка од премиерот Зоран Заев, се вели во изјавата од портпаролот на Стејт департментот пред извесен период.

САД со исклучително јасна порака, очекуваат да ја продолжат соработката со Македонија во областите од заеднички интерес, без разлика кој управува со Македонија. Стејт департментот даде изјава за Гласот на Америка на македонски јазик, одговарајќи на барањето да ја искоментира оставката на премиерот Зоран Заев по локалните избори.

Американската амбасада ги следи настаните по вториот круг локални избори, вклучувајќи ја и најавата за оставка од премиерот Зоран Заев, се вели во изјавата од портпаролот на Стејт департментот.

Во изјавата се нагласува дека „САД ја сметаат Македонија како доверлив и ценет партнер во регионот, и со нетрпение очекуваат да продолжи соработката со Владата во областите од заеднички интерес додека го продолжува напредокот што го постигна во евроатлантските интеграции“.

Вечерва се очекува прифаќање на поднесената оставка како премиер и претседател на СДСМ да биде прифатена од ЦО на партијата.