Печалбари од верата, официјален став на Богојески

Балкан, Изјави, Македонија, Политика

Петар Богојески, претседател на УЕФМ и промотор на Македонски концет објави нов став. На својата официјална фан страна на ФБ објави анализа за состојбата со верските права и слободи во Македонија. Ставот ги опфаќа и христијанствот и исламот.

Во статусот пишува:

ПЕЧАЛБАРИ ОД ВЕРАТА

Разочаран сум од нивото на познавање на верата од страна на хард “вернициве”! Вистински верници, од било која религија, не си дозволуваат ваков говор на омраза! Голем дел “екстра муслимани”, кои реагираат на “мојата исламофобија” всушност не се муслимани, туку ПЕЧАЛБАРИ ОД ВЕРАТА!
Да не се разбереме погрешно, печалбари има во сите вери! Тие злоупотребуваат вистински верници, им глумат “душегрижници”, а всушност ја злоставуваат религијата за лични цели и интереси! Најсмешни ми се обидоте на т.н. “борци за човекови права и слободи” низ Македонија, кои во име на вера прават пари и ништо друго! Тие се жалат на говор на омраза од “лошите каури”, зашто не сме прифаќале ширење на џихадизам и “саудиска мода” во Македонија!
Тоа е исто како ние христијаните да започнеме да ја фалиме инквизицијата, да започнеме да ја проповедаме дека е исправна. А доколку некој човек одбие да се покори, особено муслиман, да го обвиниме дека шири верска омраза
Христијанство и ислам не се исто што е инквизиција и џихадизам! Христијанство и ислам се вери, инквизиција и џихадизам се ерес! Во Македонија имало, има и секогаш ќе има место за верска слобода и толеранција… за разбирање и почитување… за поткрепа помеѓу христијани и муслимани! Но не смееме да останеме слепи и неми на насилството, омразата и чувството на несигурност. Кои со години веќе се промовираат низ секуларна, натовска и европска Македонија! Без разлика дали тоа доаѓа од христијани, муслимани или било кои други граѓани со било каков верски идентитет! Доволно се правевме слепи при очи, глуви при уши!
Забрана за “саудиска мода”, џихадизам и верска омраза, бурки и сл. не е забрана за ислам и вера! Забрана за инквизиција не е забрана за христијанство и вера! Повикување на џихад е исто што и повик за крстоносни војни! Буквално исто!
Согласно новиот Закон за заштита на државноста, ќе биде воведено и “прочистување” на еретици од било која вера, во соработка со легалните верски заедници во Македонија! Еретиците ќе бидат подложени на вистинска вера, на отрезнување, на освестување. Со цел да им помогнеме да го запознаат Бога, онака како што кажуваат Светите Книги, а не “светците печалбари од верата”!
Забраната за бурки, џихадизам, печалбарство од вера, инквизатори и сл. останува приоритет на нашите политики!
Во поглед на надворешна политика, прв момент доколку ни дадете гласови, натовска Македонија ќе потпише антиџихадистички пакт со натовска Албанија. Како прв чекор кон формирање на нова антиџихадистичка коалиција на народи, вери и држави за слободен Балкан. Од насилство, омраза, војни на религиска основа!
Овој официјален негов став завршува со повик да се отпочне со акција за заштита на државата Македонија од злоупотреба на верата од страна на печалбарите од верата, како ги нарекува Богојески.