
БPAНKO и Зaeв кoaлициpaa, oва е договopoт
Папа Бранко Црвенковски повторно ќе го помилува Заев, Шеќеринска на удар и отпаѓа. Превирањата во СДСМ завршуваат, исходот е јасен. Заев и Бранко тајно се спогодиле, договорено е кој ќе ја води партијата, а кој дебело ќе плати за наводно кавгата помеѓу нив двајца, која не ја посакувале. Сега трет им е виновен, а тоа се секако потрчковците. Ова е договорот помеѓу двајцата нив.
Наводно разговорите започнале пред одржување на клучниот состанок на ЦО на СДСМ од пред десет денови, кога премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев во изјава за медиумите истакна дека имале сугестија од Централниот одбор за одложување на неговите оставки.
„Ниту моите оставки се дискутираат, ниту се одлучува по моите оставки, од единствена причина кога ги најавив на 31-ви вечерта, потврдив дека останувам овде за да помогнам да се одржи парламентарното мнозинство и ако може да се зголеми“, посочи Заев.
Тој додаде дека очекува парламентарното мнозинство да се стабилизира и дека ќе се состави нова влада на СДСМ. Но не кажа дека се преговара газда на таа „нова влада“ да биде папа Бранко. Состанокот на ЦО заврши онака како што посакал Бранко, на изненадување на Шеќеринска и Петре Шилегов, кои очекувале оставките на Заев да бидат прифатени и тој да ги напушти двете клучни позиции по брза постапка.
„Искрено очекувам демократското парламентарно мнозинство ќе се стабилизира, пред се тоа што е ориентирано за евроатлантскиот пат, за мултиетничкото наше општество, за држење на меѓусоседските односи и тоа што е ориентирано кон позитивните реформи во државата. Затоа се овие напори, уште еднаш напоменувам, вечерта на 31-ви кога ги објавив оставките од двете функции реков останувам периодот за да се посветам да помогнам во одржувањето на парламентарното мнозинство“, истакна Заев.
Одложеното пензионирање на Заев било по барање на Бранко, за овој да има време да најде и назначи ново раководство на СДСМ, а Заев тоа да го аминува без забелешки, во замена на голема услуга.
Во однос на одложувањето на оставката, сепак Заев беше делумно искрен кога порача дека се работи за времено одложување со цел да се направи обид да се сочува парламентарното мнозинство, а да се најдат нови луѓе кои ќе продолжат понатаму. „Дефинитивно се работи за времено одложување заради обид да се сочува парламентарното мнозинство на страната на СДСМ“, порача Заев.
На Бранко му биле потребни само неколку денови да ја испорача фактурата, нов лидер на СДСМ и премиер да биде Димитар Ковачевски, познат како ученикот на Бранко, пораснат покрај него и постојано лојален на папата.
Но амбициите не застанале тука. Бранко ја побарал главата на Љупче Николовски, кој е прогласен за главен виновник за изгубените лојкални избори, но и за главен причинител за расколот помеѓу Зоки и Папата. Тоа значи дека периодот кој доаѓа ќе биде пекол за Николовски. Тој ги губи сите функции и во партија и во Влада, без заштита. Што значи дека е можен кривичен прогон за него, во стилот на Бранко, како дел од неговата „ладно сервирана одмазда“.
Тој беше најблискиот човек до Заев, а неговата глава е веќе испорачана. На негово место како ген сек на СДСМ, Папата го поставува т.н. детето на Бранко, поранешниот градоначалник на Карпош Стефан Богоев и поранешен прв младинец на Бранко Црвенковски. Тој е оперативецот во полна доверба на Папата, кој во наредните неколку месеци треба во целост да ја исчисти партијата од луѓето на Заев и Шеќеринска и да ги донесе оние на Бранко.
На местото на заменик претседател доаѓа Максим Димитриевски, како човек за кој Бранко истакнувал дека останал „комуњар до крај“ и жестоко се спротиставил на бугаризацијата на Македонија од страна на Заев, која никако не може да му ја прости.
Сепак Бранко Црвенковски знае дека моќта е во министерските фотељи, за што побарал голема чистка. Прва на удар е Рада Шеќеринска, на која Бранко сака да и се одмазди за предавството на Конресот кога таа застана на страната на Заев, а сега тој ја пушти низ вода.
Рада не се дава и бара помош од меѓународен фактор, а Заев крева рамена. Наводно Бранко не сакал да слушне за нејзино помилување и бара целосно хируршки да се отстрани и од Влада и од СДСМ. Кој ќе биде последниот исход и судбината на вечната Рада сеуште не е познато. Филипче бил во милост поради неговото навремено напуштање на таборот на Шеќеринска, а за Мила Царовска ќе одлучува Хари Костов, вечниот спонзор на Папата. Таа не е посакувана во Влада, но сепак се очекува согласност од нејзиниот шеф.
Се поставува прашањето зошто Заев го прифатил сето ова. Неговите соработници известуваат дека од Бранко добил понуда која не можел да ја одбие, во стилот на мафијашките босови од Италија. Имено, Заев бил премногу исплашен за неговата лична судбина после паѓање од власт, особено за кривичен прогон не само за евентуално сторен криминал, туку и за Преспанскиот и Бугарскиот договор. Заканите од опозицијата за негова одговорност многу сериозно ги сфаќал и постојано ги напоменувал. Но тука Папата покажал разбирање и се понудил за „втора аболиција на Заев“.
Наводно Бранко се повикал на неговото огромно влијание во опозицијата, особено после Локалните избори оваа година, по што дал збор дека ја гарантира мирната пензија на Заев. Тоа било усогласено со клучните опозиционери, само Заев да се повлече. Дури било понудено и мирно место за одмор за Шилегов, без да биде гонет за криминал од Арсовска Данела, за која Бранко наводно гарантирал. Доволно е Шилегов само да ја остави Рада сама во битката во СДСМ. До овој момент нема информации за одговорот на Шилегов.
СДСМ се враќа во бранкови води, а луѓето на Заев се оставени на милост и немилост. Дали Папата ќе има милост за нив?