ФОТО: Васил Гарванлиев со круна од огледала

Uncategorized

На церемонијата која вчеравечер го означи официјалното отворање на фестивалот, Васил на тиркизниот тепих, заедно со неговиот тим, се појави облечен во црн елек, долг до земја, црни панталони и блуза, а на главата носеше круна која беше направена од повеќе парчиња огледало.

 

Васил на својот инстаграм – профил сподели и многу фотографии од церемонијата:

„Официјално започна. Колку убаво патување досега и конечно ќе имам прилика да запознаам некои од артистите“

, стои во објавата на Гарванлиев.

За својата комбинација Васил изјавил:

„Огледалото секогаш ја открива вистината, без разлика дали е добра или лоша“.