НАЈНОВО: Кривична пријава за Заев
Македонски концепт преку нивниот промотор Петар Богојески, подготвуваат кривична пријава за премиерот Зоран Заев за национално предаство, поради стапување во противуставен и неовластен сојуз со други држави. Се мисли на договорот за сојуз со Албанија и Србија, т.н. Отворен Балкан.

Петар Богојески на својата официјална фан страна на социјалната мрежа Фејзбук објави:

Обединета Македонија во Обединета Европа! ![]()
– тоа е императив за секој Македонец
ЕУ е единствена шанса во 21ви век да ја обединиме Македонија!
Таа беше распарчена пред повеќе од еден век во Букурешт, по предлог на Бугарија, а по наредба на Русија!

Тоа може да се реализира доколку падне границата помеѓу Вардар, Егеј и Пирин!
Прво отварање на Солун преку надградба на Преспански договор, влез во ЕУ преку Атина, а со тоа се обединува и Пирин!
Предавничката акција за паѓање на границата со Србија и Албанија, е антипод на обединувањето на Македонија! Тоа е национално предавство и треба да подлежи под кривичен прогон!
Македонски концепт ја разгледува можноста да поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев за противуставно и неовластено стапување во сојуз со други држави и за нарушување на територијалниот суверенитет и интегритет на Македонија!

Новиот закон за заштита на државноста ќе го опфати и предавството со “мали шенген”, а Зоран Заев ќе одговара за национално предавство!
Борбата за Македонија никогаш не престанува! Македонија во ЕУ!
Стоп за мали шенгени! ![]()

МКДенес ќе побараме дополнителни информации од Македонски концепт, особено околу дилемата со референдумското прашање за 1991 година. Дали тоа му дава легитимитет на Заев или не?




