
СКАНДАЛ: Шеќеринска против интересите на НАТО, воен договор со Србија
Македонија се приклучува кон ЕУ борбената група HELBROC, која е под директна контрола на Советот на Европската унија и е дел од заедничката безбедносна и одбранбена политика на Унијата, и покрај укажувањата од НАТО дека тоа не и потребно на ЕУ. Во борбената група HELBROC, која е предводена од Грција, со свои вооружени сили учествуваат и Бугарија, Романија, Кипар, Србија и Украина, а се смета за паралелен безбедносен систем од тој на НАТО, за кој се активираат непотребно високи трошоци.
Армијата на Република Македонија во HELBROC ќе учествува со еден лесен пешадиски вод од најмногу 43 лица во состав на Првата воздушна мобилна чета (Airmobile), заменик-командир на четата и подофицер за операции во штабот на HELBROC.
Oваа вест ја соопшти министерката Радмила Шеќеринска, видно возбудена од соработката со Војската на Србија и воениот пакт со таа земја, рече дека учеството во HELBROC го истакнува придонесот на Армијата за евроинтегративниот процес на Република Македонија. Претходно генералниот секретар на НАТО, Столтенберг даде специјална изјава дека на ЕУ не и е потребен ваков паралелен систем за одбрана.
„Армијата и одбраната не се важни само за нашето НАТО членство туку и за нашиот втор стратешки приоритет – членството во ЕУ. Владата потврди дека Северна Македонија ќе се приклучи на мултинационалната ЕУ борбена група HELBROC. Со ова покажуваме дека нашите амбиции не завршија со членството во НАТО, туку се зголемија и ќе бидеме аргумент плус и за нашето членство во ЕУ”, рече Шекеринска.
Со ова таа дирекно ги признава обвинувањата дека работи спротивно на македонските национални интереси и на соработката со НАТО, рушејќи ја одбраната на земјава во овие најкритични моменти за Македонија. Кој и дава налози на Шеќеринска? Дали е тоа Белград?
Мисиите во кои може да биде вклучена HELBROC се операции за поддршка на мир, раздвојување на завојувани страни, стабилизација, реконструкција и воено советување на трети земји, превенција на конфликти и операции за евакуација и асистенција на хуманитарни операции. При тоа Шеќеринска не се изјасни како тоа едни македонски војници ќе бидат на страната на НАТО во некој конфликт, а други македонски војници на страната на вакви паралелни системи кои ќе ги спречуваат своите соборци да дејствуваат? Знае ли Шеќеринска кај тера?