САД со жесток одговор до Русија, Путин на колена

Свет

САД пресекоа, ги затворија сите дилеми и им дадоа јасен одговор на Русите! ЊЕТ за руските барања!

Потенцијалните дејствија на Русија во однос на Украина нема ги отстрани, туку ќе ги доближи војниците на НАТО до границите на земјата, е ставот на САД. Ако Русија продолжи понатаму во она што веќе се случува, ние и нашите сојузници сме подготвени да наметнеме остра цена што ќе и наштети на руската економија и ќе доведе до она што Русија не го сака – НАТО поблиску, не подалеку од руските граници. Тоа директно и го пренесовме на Русија“, изјавија од Белата куќа.

Според САД, Украина не создава ескалација на воената тензија на границите со Русија, туку Русија е таа што ги создава тие тензии. „Не гледаме никаков доказ за таква ескалација од украинската страна“, истакнаа од Вашингтон, додавајќи дека оружјето што западните земји и го снабдуваат на Украина не претставуваат никаква значајна закана за Русија.

„Исто така и кажавме на Русија дека значителен напредок може да се постигне само во атмосфера на деескалација“, рече американскиот претставник. Тој додаде дека преговорите нема да бидат ограничени само на руските предлози, туку ќе има разговори и за загриженоста на САД во однос на активностите на Москва.

„Преговорите исто така ќе ја вклучат, како што треба, нашата и загриженоста на нашите сојузници за дејствијата и чекорите на Русија кои ја дестабилизираат европската безбедност“, рече тој. Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки потврди дека безбедносните разговори ќе се одржат на почетокот на јануари.

„Преговорите ќе се одржат во јануари. Сè уште не сме ги договориле сите нивни детали, односно тоа ќе биде следниот чекор“, изјави таа за новинарите.

Рускиот претседател Владимир Путин уште плаче по предходните ветувања на НАТО дека нема да се прошири на исток, велејќи дека Русија е измамена. И, што со тоа? Да го ставиме мачорот да плаче!

Путин укажа на пет бранови на проширување на НАТО откако во 1990-тите рекоа дека нема да се преселат на исток ниту за милиметар, како ние да не знаеме! Последниот бран секако беше Македонија.

САД нема да се согласат со руските предлози за безбедност во однос на НАТО, но ќе разгледаат други иницијативи.

„Русија даде предлози – ние би се согласиле со некои, а со некои – на пример, оние што се однесуваат на НАТО, се разбира НЕ! Би сакала да нагласам дека НАТО е одбранбен сојуз, а не агресивен. Нема докази што укажуваат на спротивното, како од САД, така и од другите членки на Алијансата“, рече Псаки.

Белата куќа смета дека вистинскиот начин да се водат преговори во оваа ситуација е да и се стави јасно на знаење на Русија дека нема да и поминат ниту барањата ниту уцените.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, потсети дека рускиот претседател Владимир Путин веќе е подготвен што поскоро да ги започне преговорите за безбедноста со САД. Буквално тој моли за тоа со месеци!

На 17 декември Русија објави нацрт – договори со Соединетите Американски Држави и НАТО кои вклучуваат, меѓу другото, одредби за меѓусебни безбедносни гаранции во Европа, за нераспоредување на ракети со среден и краток дострел на взаемен дострел и за прекин на натамошно проширување на НАТО на исток, вклучително и на територија на поранешните републики на СССР.

Секако сето тоа е одбиено, а НАТО продолжува со својата мировна мисија во источна Европа и Украина!