МАРЈАН Ѓорчев во стилот на Лазо ќе ја решава Бугарија

Изјави

Поранешниот македонски амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев во гостување на телевизија Телма само потврди дека нема разлика помеѓу неговиот став и оној на Лaзap Лaзo Koлишeвcки од пред 50 години.

Ѓорчев објасни што мислел кога изјави дека во однос на малцинствата, потребен е реципроцитет.

-Мислам на Декларацијата на човекови права. Бугарија по својот Устав не признава национални малцинства, но признава граѓани кои избираат да се изјаснат по својата етничка припадност. На пописот во 2011 година имаше 1.609 Македонци. Македонија треба да се грижи за тие 1.609 лица.

На тој начин Ѓорчев се одрекува од околу три милиони Македонци во Бугарија, кои се нераскинлив дел од Македонија. Тезата на Ѓорчев е идентична со онаа од времето на преговорите помеѓу Jyгocлавија и CCCР за македонското прашање. Тоа е губитничка теза, која не ја потврди времето, а создаде само конфликти помеѓу двете нации и држави. Тој им остава простор на Бугарите да продолжат со својата лажна доктрина на конфронтација со некаков си cpбoмакедoнизам.

Ние таму имаме новина на македонски јазик Народна волја. Постои 30 години, имаме организации. Реципроцитетот треба да биде поставен така. Треба да биде двострано. Нивниот Устав не дозволува малцинствата да влезат во Уставот, но треба да бараме да се спроведат пресудите од Cтpaзбyp, да се регистрираат организациите, вели Ѓорчев.

Тоа е скандалозно тврдење, со кое се легитимира барањето на Бугарија за внесување на Бугарите во македонскиот Устав, со што се отвара пандopината кутија за враќање на времето на пропагандите во Македонија. Таа стратегија на поддржување на македонска новина и македонски организиции во Бугарија е до тој степен очајна, што не даде ниту 1% резултат во 70 години активности.