
МИЦКОСКИ до Заев, еднаш биди од збор
Мицкоски секој ден на пресови на неговата паптија ВМРО ДПМНЕ повторува едно, па исто нешто: Заев биди од збор, оди си, сам си даде оставка!
-Народот јасно му кажа дека тој е изворот на кризи и проблеми и не може да биде решение. Тој е причината поради која Македонија е на рекордно најлошо ниво на корумпираност според Транспаренси, поради него Македонија е рекордер по смртност во Европа во пандемијата, поради него Македонија е најсиромашна и најнесреќна земја, поради него сме на дното во регионот и Европа според нивото на странски инвестиции, поради него галопирачки се задолжуваме, поради него сме длабоко заглавени во енергетска криза која скапо ќе ја платиме, поради него криминалот и подземјето слободно го тероризираат народот.
Има милион причини Заев да замине од политичката сцена. Тој не смее да ја држи Македонија како заложник на својата политичка кариера. Заев доби црвен картон на последните избори директно од граѓаните. Не поминува повеќе пазарџиството и лагите, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Тие папагалски додаваат дека народот јасно кажал дека е за промени и нова иднина со победи, но ништо не преземаат да ја валоризираат казната од народот за Заев и компанија.