РЕАКЦИЈА на лидерката на Левица за киднапираниот

Забава

Откако ден пред гласањето на доверба на Влада во јавноста се огласи лидерката на Левица, другарката Тамара Јованов, наводно сопруга на лицето Димче Апасиев, со тврдење дека од неа зависи дали ќе падне Владата или не, јавноста остана во дилема.

Дали одлуката на лидерката Јованов била да не падне владата или да падне? Со оглед на фактот што имаше шпекулации дека „киднапираниот“ пратеник Кастриот Реџепи се засолнет токму во нејзиниот дом. Дополнително имаше шпекулации дека нејзиниот втор пратеник, Борис Крмов е ставен на располагање на Заев, на прв повик.

Сепак таа ги затвори сите дилеми со една изјава, во стилот на „мали џокица“ или „шта би било, ако би било“.  Другарката Јованов изјави дека владата сигурно ќе паднела, ако Левица имала три пратеници. Што значи со други зборови Владата нема шанси да падне. Дали токму лидерката одлучила Заев да продолжи?